Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски на терен каде се изведуваат градежни активности околу асфалтирање и реконструирње на локалниот пат Гнеотино – Брод во должина од 3,3 км кој беше оштетен од минатогодишните поплави.
-Овој пат е многу значаен и претходно беше целосно реконструиран но од минатогодишните поплави кои ја зафатија општина Новаци еден дел беше целосно оштетен. Благодарение на средствата од УНДП сега ќе го реконструираме во должина од 3,3 км. – рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.
Реконструкцијата на локалниот пат Гнеотино-Брод се прави со средства од УНДП а вредноста на проектот изнесува 15 милиони денари.
Б.В.