Децата од Центарот за деца со посебни потребни „Кочо Рацин“ – Битола денеска ја посетија битолската универзитетска библиотека, каде имаа можност да се запознаат со работата на библиотеката и како може да стигнат до книга.
Денешната посета во битолската библиотека е во пресрет на одбележувањето на 3. декември, Светскиот ден на децата со посебни потреби.
-Библиотеката е на сите и денес се обидуваме да им ја доближеме и на децата со посебни потреби, истакна директорката на Универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски“ , д-р. Лили Бошевска.
Доближување на книгата до сите категории на луѓе е целта на ваквите организирани посети во Библиотеката која неодамна го промовираше реконструираниот и обновен детски оддел.
Со цел да им се доближи книгата и до децата со посебни потреби библиотеката им подари Мини библиотека што е дел од проектот за инсталација на мини библиотеки „Земи , прочитај, врати“.
Б.В.