Don't Miss
Home / Спорт / Прекин во Битола: Помошниот судија погоден во главата

Прекин во Битола: Помошниот судија погоден во главата

Дуелот меѓу Пелистер и Вардар е во прекин после 12 минути игра и водство на гостите.

Средбата меѓу Пелистер и Вардар е прекината после 12 минути игра откако помошниот судија, кој беше на страната каде што се навивачите на Пелистер, беше погоден во главата.

Од трибините полетаа предмети, а еден заврши директно во судијата, па главниот арбитер на овој меч – Александар Ставрев ги повлече екипите од теренот.

Натпреварот најверојатно ќе продолжи, но прво ќе треба да се испразни делот од трибините каде што беа навивачите кои фрлија со предмети на теренот.

Инаку, пред прекинот Вардар постигна погодок и има водство од 1:0.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*