Едукција на граѓаните за идентификување и решавање на правните проблеми со кои се соочуваат во секојдневниот живот, е целта на обуките што се спроведоа во Штип, Струмица и Битола, а следат во Куманово и Скопје.
Сесиите се водени од тим правници кои граѓаните ги запознаваат со правата од работен однос, а особено внимание се посветува на правото на годишен одмор и условите за отказ.
Сесиите се спроведуват во рамки на Проектот Пристап до правда во Македонија, во кои е подготвен и прирачник за работничките права достапен на македонски, албански и ромски јазик.
Б.В.