Don't Miss
Home / Политика / Ковачевски: Битола ќе ја гасифицираме по примерот на Струмица

Ковачевски: Битола ќе ја гасифицираме по примерот на Струмица

-Десет години власта на ВМРО ДПМНЕ ги лажи граѓаните на Битола дека ќе овозможи поевтино и еколошки почисто греење на домаќинствата и индустријата.Предизборно ветуваа топлификација и во 2011, и во 2013 и во 2014. Малку им беше со лагите, па и сега повторно  нереално  ветуваат.

Топлификацијата која функционираше до пред неколку години и загреваше неколку илјади семејства ја затворија. Ова  го рече претседателот на општинската организација на СДСМ Битола и кандидат за пратеник во петтата изборна единица, Васко Ковачевски во Битола.

Тој притоа нагласи дека во недостиг на колективно загревање, граѓаните во Битола  се принудени   за загревање да користат огревно дрво и разни  други отпадни материјали, со што загадувањето на воздухот во Битола дојде на (нај)високо критично ниво. Нашиот град овие неколку години е еден од најзагадените во Европа и светот, подвлече Ковачевски.

Најавувајќи ги мерките кои СДСМ ќе ги преземе доколку дојде на власт Васко Ковачевски нагласи:

-Ние од СДСМ и коалицијата ќе застаниме на патот на лажните ветувања. Во нашата изборна програма ,,За живот,, во Битола се обврзуваме и ветуваме дека ќе имаме поевтин и еколошки почист енергетски енергенс.Битола ќе има топлификација и ќе биди гасифицирана по примерот на Струмица. Овај проект ќе овозможи помали трошоци за греење, повеќе пари за граѓаните како и почист воздух за дишење. Гасификацијата на училиштата и административните објекти ќе ги намали сметките за греење и до 60 отсто. Домаќинствата во градската средина за затоплување ќе имаат заштеда и до 30 проценти,  а исто така значителен бенефит ќе има и индустрискиот сектор. Затоа ја бараме поддршката на битолчани во недела на 11 декември, да го подржат нашиот План за живот со заокружување на бројот 4 кој ќе значи подобар живот во Битола, подобар живот во Македонија, истакна на прес-конференцијата Васко Ковачевски, која ја одржа пред затворениот објект на битолската топлификација, која пред неколку години замина во стечај и оотогаш битолчани во Нова Битола немаат парно затоплување.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*