Државната изборна комисија соопшти дека седницата за расправање и одлучување по приговорите од подносителите на листи на кандидати за пратеници ќе се одржи во текот на утрешниот ден, 15 декември.
– За точното време на одржување на седницата ДИК навремено ќе ги извести овластените претставници, акредитираните набљудувачи и медиумите – стои во соопштението.