Don't Miss
Home / Македонија / Управниот суд одлучува за тужбата на СДСМ за Теарце

Управниот суд одлучува за тужбата на СДСМ за Теарце

Управниот суд утрово заседаваше за да одлучува за тужбата на СДСМ поднесена за избирачкото место 2011 во Теарце.

Седницата се заклучи во 10.50 часот, а судот се повлече за да одлучува. Се очекува дека одлуката ќе биде објавена до 19 часот.

Бидејќи не беше присутен претставник од СДСМ, судијата-претставител Снежана Трпевска ја прочита тужбата во целост. СДСМ меѓу другото го оспорува тоа што Суби Јакупи, член на ДИК од ДУИ, не гласаше, а учествуваше во материјалната расправа за приговорот.

Се оспорува и тоа што не се совпаѓаат карбонизираниот и оригиналниот записник, што ливчињата не се броени едно по едно туку фрлени на маса па броени. Исто така, се оспорува што недостига едно ливче со сериски број, а избирачкиот одбор вели дека со голо око утврдил дека ливчето е во кутијата.

Подносител на тужбата во име на СДСМ е Стевица Јосифовски. Советот на судии што решаваат за оваа тужба беше во состав: Лулзим Салиу, претседател на совет, и членовите Нада Иванова, Едита Насковска, Снежана Трповска и Исмета Амет.

Приговорот за местото 2011 во Теарце ДИК го одби со четири гласа за и четири против, а претставникот во ДИК од ДУИ, Суби Јакупи, се иззема од гласање.

Државната изборна комисија претходно двапати ги сослушуваше членовите на избирачкиот одбор од избирачкото место 2011 во општина Теарце, во ИЕ6.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*