Новата романска влада што ќе ја предводат социјалдемократите на чело со премиерот Сорин Гриндеану доби доверба од националниот парламент и официјално е изгласана.
За владата што ќе ја води 43-годишниот Гриндеану, гласаа 295 пратеници, а против беа 133 членови на парламентот.
Социјалдемократите победија на парламентарните избори одржани на 11 декември.
Шевил Шајде која партијата првично ја именува за мандатар, а претседателот на Романија Клаус Јоанис ја одби, ќе биде заменик премиер и министерка за регионален развој. Социјалдемократите заедно со коалицискиот партнер АЛДЕ имаат 250 од вкупно 465 пратенички места во двата дома на парламентот.