Don't Miss
Home / Градска хроника / Криумчарел дрога во тоалет

Криумчарел дрога во тоалет

Битолската полиција денеска поднесе кривична пријава против лицето Д.Р. (23) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Осомничениот Д.Р  бил фатен  во тоалет во угостителски објект, од страна на полициски службеници  каде бил затекнат  како  во рака држел 87 таблети екстази, со нето маса од 7,28 грама.

По преземените  мерки, велат од полицијата, било утврдено дека пријавениот таблетите го набавил од Куманово за паричен надомест од 10.000 денари.

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*