Home / Македонија / Студентите од семејствата со ниски приходи ќе добијат таблети

Студентите од семејствата со ниски приходи ќе добијат таблети

До крајот на август треба да почне јавната  набавка за таблети за  студентите од трета и четврта година кои потекнуваат од семејства каде вкупниот приход е помал од просечната нето плата.

За ова денеска информираше министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, според кој проектот што го најави премиерот Никола Груевски на вчерашната трибина треба да се заокружи до крајот на годината.

– Се надеваме дека оваа мерка ќе предизвика позитивни ефекти и кај студентите и кај приватниот сектор и со тоа ќе има пораст на економијата, изјави Ивановски пред денешната средба со претставниците од МАСИТ на која заедно со заменик министерката Марта Арсовска – Томовска ги претставија плановите за развој на ИКТ секторот во земјата.

Први ќе добијат таблети оние училишта каде нема компјутери, а потоа постепено ќе се заменуваат и компјутерите имајќи предвид дека нивната амортизација е од пет до шест години.

На оваа редовна средба меѓу владиниот сектор и претставниците на МАСИТ ќе се разгледаат и начините како да се задржи младиот образовен ИКТ кадар во земјава.

– Единствен начин да ги задржиме луѓето е да работиме за извозот. На тој начин ќе овозможиме македонскиот кадар да остане во државата и да работи на престижни проекти, изјави претседателот на Управниот одбор на МАСИТ, Срѓан Михајловски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*