Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер, го погоди југот на Грција, соопшти американскиот Геолошки завод. Европскиот медитерански сеизмолошки завод соопшти пак, дека земјотресот бил со јачина од 5,8 степени според Рихтер. Земјотресот се случил во шест часот и 45 минути по локално време, околу 140 километри јужно од Атина.
За сега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.