Лидерот на ВМРО ДПМНЕ и поранешниот премиер Никола Груевски во интервју за ТВ Алфа рече дека нема намера да се повлекува од лидерската позиција бидејќи е човек кој е победник на овие избори и човек кој што ја доби довербата од најголем број од граѓаните и превзема одговорност за понатаму. Груевски најави реорганизација и освежување на ВМРО-ДПМНЕ.
– Претстои период во кој што ние целосно ќе се реорганизираме, ќе се освежиме со нови кадри, ќе ги реорганизираме и нашите општински комитети, месните комитети, Извршниот комитет. Ќе се претсруктуираме во секој поглед и ќе бидеме одговорна и силна опозиција која брзо ќе се врати на власт – рече Груевски.
Tagged with: вмро-дпмне груевски лидер месни комитети