Фудбалерите на Пелистер по првата прозивка која ја направи тренерот Наџи Шенсои во понеделникот,од денес се наоѓаат на подготовки во нивната стара база Банско, во Бугарија.
Во Банско фудбалерите на Пелистер ќе останат до 23 јуни, кога екипата се враќа во Битола, каде ќе ги продолжи подготовките за првиот натпревар од квалификациите за Лигата на Европа, кој се игра на 29 јуни.
-Како и минатата сезона, така и овој пат подготовките за првиот меѓународен натпревар во Лигата на Европа ќе ги реализираме во нашата стара база, Банско во Бугарија. Таму ние веќе се чуствуваме како дома. Условите не само за сместување, туку и за тренинг се извонредни и сметам дека ќе имаме извонредни услови за максимални подготовки, вели првиот човек на стручниот штаб на Пелистер, Наџи Шансои.
Инаку во Банско со екипата на Пелистер заминаа и новите засилувања кои битолскиот прволигаш ги ангажира во меѓувреме. Тоа се Оливер Пеев, поранешен фудблер на Работнички, Металург, Шкенција, а кој во Пелистер доаѓа од Грција.Инаку тој е фудбалер кој игра најчесто во средниот ред.Второто засилување е голманот на Шкендија Мирко Јовановски. На екипата и се приклучи и битолчанецот Благојче Љамчевски (30) кој по подолга пауза повторно се враќа во Пелистер.
Инаку Благојче Љамчевски цели 8 години играше во други клубови, а во последните три сезони тој настапуваше за екипата на Вардар.
Како четврто засилување Пелистер на подготовки го поведе и Матеј Цветановски, кој во Пелистер дојде од Македонија Ѓорче Петров, а со екипата во Банско отпатува и новото засилување од Бразил, кој игра во нападот.
-Во минатата сезона и покрај тоа што се среќававме со доста проблеми сепак направивме голем успех. Најпрво го освоивме купот на Македонија, а во првенството четвртото место.
Со излегувањето во Европа ние ја постигнавме целта и сега останува што подобро да се подготвиме зе првиот натпревар од квалификациите во Лигата на Европа. Мислам дека и на меѓународната сцена нема да играме епизодна улога, туку ќе се потрудиме што подалеку да стигнеме на европската сцена, истакнува секретарот на Пелистер, Бруно Пресилски.