Don't Miss
Home / Uncategorized / Гоце Чакаровски, заменик министер за здравство

Гоце Чакаровски, заменик министер за здравство

Битолскиот гинеколог, Гоце Чакаровски е  новиот заменик министер за здравство во Кабинетот на Владата на Зоран Заев.

Чакаровски, кој работи како гинеколог во Клиничката болница во Битола, на оваа функција беше предложен од партијата на СДСМ,     Тој во изминатиот период ја обавуваше функцијата претседател на Републичката комисија за здравство  на СДСМ.

Гоце Чакаровски, кој  е роден во 1955 година  има завршено  Медицински факултет во Скопје, каде и специјализирал гинекологија.

Тој беше жесток противник на реформите на министерот за здравство Никола Тодоров, а посебно за неговите мерки “ Мој термин “ и “Плаќање по учинок”.

Се одликува како принципиелен лекар и политичар, кој секогаш се залагал за достоинството на здравствените работници.

Чакаревоки на битолската јавност и е познат по тоа што една родилка ја породи со  помош на својот мобилен телефон, откако за време на породувањето снема струја во Клиничката болница,за кој потег Битолски весник на Манифестацијата “ Избираме најуспешни битолчани “ му додели посебно признание.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*