Don't Miss
Home / Uncategorized / Катица сака да го скрши ВМРО ДПМНЕ

Катица сака да го скрши ВМРО ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска на прес-конференција реагирајќи на новоподнесените обвинувања од СЈО во кои се обвинети лица од раководството на партијата, рече дека работата на СЈО е „класично политичко гонење“.

„100 лица се гонети со цел партија да се уништи и замолчи. Ова е политички, а не правен процес. СЈО одамна ја загуби непристрасноста и јасно е дека станува збор за политички прогон. СЈО е канцеларија на СДСМ. Носат одлуки без никакви правни докази. Тоа е доказ дека ова е политичко, а не правно гонење.”

Според Груевски, целта на ваквото однесување на СЈО е да се скрши ВМРО-ДПМНЕ.

“Не постои ниту еден историски пример за вакво нешто. Тоа што го зборувавме, тоа и се случи. Станува збор за политички, а не за правен процес. СЈО одамна ја загуби непристрасноста и кредибилитетот во својата работа и стана инструмент за политички прогон, СЈО не е обвинителство, СЈО е канцеларија на СДСМ. Најголем показател дека е политички процес кој има политичка цел е тоа што носи одлуки без никакви правни докази. Процесот е политички, а не правен. Таков политички процес треба да финишира со политика, а не правна цел. Целта е ВМРО, целта е кршење на ВМРО, политичка елиминација и ставање под контрола за поголеми цели кои се потребни за оној кој го креираше целиот овој процес”, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека единствен грев што го направиле обвинетите од неговата партија е тоа што 11 години биле на браникот на татковината и одолеале на многу притисоци поврзани со јазикот и името на нашата држава. Лидерот на опозицијата најави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го премолчи ова.

„Како е можно да кажат дека за „Талир“ имале само еден месец, кога имаа 18. Што правеа за тие 18 месеци. Конструктивноста во нашето верување завршува денес. Сега е време историјата да оценува и суди. Ние се плашиме само од историјата, а СЈО ќе биде оној дел од историјата, од кој се срами цела Македонија. Врхушката на СДС разјарени со омраза се ситат на ова. Но брзо ќе дојде време кога ќе сфатат дека кругот се врти.”

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*