Филип Лазаров, братот на капитенот на македонската ракометна репрезентација е најновото засилување на Пелистер.
Оваа информација деновиве ни е потврдена од ракометниот клуб Пелистер, од каде не информираа дека по двата млади голмани од Србија, Пелистер до крајот на неделата ќе ангажира уште двајца млади ракометари од Србија, со што ќе се заокружи списокот на засилувањата за новата сезона.