Home / Вести / АД Електрани на Северна Македонија оствари добивка од речиси 41 милион евра.

АД Електрани на Северна Македонија оствари добивка од речиси 41 милион евра.

АД ЕСМ изминатата 2022 година ја менаџираше со голема поддршка од Владата на Република Северна Македонија, Министрите од економсиот сектор, сите вработени во рудниците, термоелектраните, хидроцентралите кои несебично се вложија за надминување на кризата и со електрична и со топлинска енергија.

АД ЕСМ во 2022 година оствари добивка во износ од 2 милијарди 514 милиони и 105 илјади денари или 40 милиони и 880 илјади евра. Ваквиот позитивен финансиски извештај е резултат на зголеменото домашно производство и намалување на трошоците.

Дополнително ЕСМ Продажба ја заврши 2022 година со добивка од 302 милиони денари или околу 5 милиони евра. И во услови на енергетска криза имавме ноќни вишоци на енергија и токму поради зголеменото производство можеше да се врши продажба на истата преку ЕСМ Продажба и да се остварат дополнителни приходи.

Уште еден важен податок во однос на производството, за 2022 година предвидено беше производството во однос на 2021 година да се зголеми за 20%, АД ЕСМ го зголеми за 26,7%.

АД ЕСМ од почетокот на 2023г до сега произведе 44% повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани, а дури 61,8% повеќе од истиот период во 2021г.

Првите три месеци од секоја година се секогаш најтешки, во ек на грејна сезона и непредвидливи временски услови, АД ЕСМ не само што го исполни планираното производство, туку и го надмина и остваривме 103,3%.

Во услови на криза постигнавме и рекордно дневно производство во последната деценија. Во текот на февруари 2023 преку капацитетите со кои АД ЕСМ располага се произведоа 22.933 MWh електрична енергија во еден ден, што претставува највисоко дневно производство во последните 10 години и нов рекорд во работењето во последната деценија, благодарение на максималната ангажираност и професионална работа на сите вработени во компанијата.

Се ставија во функција сите домашни производствени капацитети на електрична енергија, а со тоа се намали и зависноста од увоз на скапа струја. Домашното производство е најевтино и затоа го зголемуваме.

Го вклучивме ТЕЦ Неготино, заборавен капацитет кој за само 40 дена беше подготвен и ставен во фукнција за да во 2022 година произведе 412.692 MWh електична енергија, а од 1 јануари до 31 март оваа година произведе 321.870 MWh.

Пристигна и новиот трансформатор за Блок 3 во РЕК Битола и беше ставен во функција за многу краток рок, а се реставрираше стариот трансформатор кој сега стои како резерва.

Во 2022 година по производни капацитети произведени беа во

  • РЕК Битола  2.328.768 MWh година што е за 26,7 % повеќе од 2021 година.
  • Во РЕК Осломеј 255.231 MWh за 25% повеќе од 2021 година.
  • Во ТЕ-ТО Енергетика 40.515 МWh, што е двојно повеќе од 2021 година.
  • Од обновливи извори на енергија во 2022 година се произведоа 1.087.392 MWh

Кризата се надмина без ниту еден ден рестрикции. Генералниот директор на АД ЕСМ, м-р. Васко Ковачевски многу пати до сега одговори на често поставуваното прашање, дали ќе има рестрикции одговорот секогаш беше тој „За нас во АД ЕСМ рестрикции не се опција“

За грејна сезона 2022/2023 година планирано беше да се набави 392.430 MWh електрична енергија со вредност од околу 146 милиони евра. АД ЕСМ за овој период или од 1.10.2022 до 31.03.2023 година набави 175.750 MWh електрична енергија со вредност од околу 47 милиони евра. Што значи дека не се потрошиле околу 98 милиони евра, тоа се буџетски пари, пари на граѓаните. Доколку АД ЕСМ вршеше продажба на електрична енергија на слободен пазар, по пазарните цени кои беа високи, ќе оствареше добивка од околу 385 милиони евра.

За граѓаните и малите бизниси обезбедивме 100% електрична енергија, а со поевтина енергија снабдуваме 53 здравствени установи, градинки, 9 министерства, Универзитети и факултети и други важни институции во државата вклучувајќи и неколку општини, како и  училиштата, водостопански претпријатија и прехранбени капацитети, кои беа субвенционирани од Владата на Република Северна Македонија

Поддршката од Влада за пониска цена на електирчната и топлинската енергија за граѓаните беше во износ од скоро 11 милијарди денари и одеше преку АД ЕСМ и се однесуваше за испорака на електрична енергија за пониски цени кон ЕВН Хоум, Електродистрибуција, МЕПСО и други како и за дополнителни ископи на сопствен јаглен, набавки на јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј, мазут за ТЕЦ Неготино, гас за топланите и дел од средсвата беа за набавка на електрична енергија.

Се ставија во функција сите домашни производствени капацитети на електрична енергија, а со тоа се намали и зависноста од увоз на скапа струја. Домашното производство е најевтино и затоа го зголемуваме.

Го вклучивме ТЕЦ Неготино, заборавен капацитет кој за само 40 дена беше подготвен и ставен во фукнција за да во 2022 година произведе 412.692 MWh електична енергија, а од 1 јануари до 31 март оваа година произведе 321.870 MWh.

Пристигна и новиот трансформатор за Блок 3 во РЕК Битола и беше ставен во функција за многу краток рок, а се реставрираше стариот трансформатор кој сега стои како резерва.

Во 2022 година по производни капацитети произведени беа во

  • РЕК Битола  2.328.768 MWh година што е за 26,7 % повеќе од 2021 година.
  • Во РЕК Осломеј 255.231 MWh за 25% повеќе од 2021 година.
  • Во ТЕ-ТО Енергетика 40.515 МWh, што е двојно повеќе од 2021 година.
  • Од обновливи извори на енергија во 2022 година се произведоа 1.087.392 MWh

Кризата се надмина без ниту еден ден рестрикции. Генералниот директор на АД ЕСМ, м-р. Васко Ковачевски многу пати до сега одговори на често поставуваното прашање, дали ќе има рестрикции одговорот секогаш беше тој „За нас во АД ЕСМ рестрикции не се опција“

За грејна сезона 2022/2023 година планирано беше да се набави 392.430 MWh електрична енергија со вредност од околу 146 милиони евра. АД ЕСМ за овој период или од 1.10.2022 до 31.03.2023 година набави 175.750 MWh електрична енергија со вредност од околу 47 милиони евра. Што значи дека не се потрошиле околу 98 милиони евра, тоа се буџетски пари, пари на граѓаните. Доколку АД ЕСМ вршеше продажба на електрична енергија на слободен пазар, по пазарните цени кои беа високи, ќе оствареше добивка од околу 385 милиони евра.

За граѓаните и малите бизниси обезбедивме 100% електрична енергија, а со поевтина енергија снабдуваме 53 здравствени установи, градинки, 9 министерства, Универзитети и факултети и други важни институции во државата вклучувајќи и неколку општини, како и  училиштата, водостопански претпријатија и прехранбени капацитети, кои беа субвенционирани од Владата на Република Северна Македонија

Поддршката од Влада за пониска цена на електирчната и топлинската енергија за граѓаните беше во износ од скоро 11 милијарди денари и одеше преку АД ЕСМ и се однесуваше за испорака на електрична енергија за пониски цени кон ЕВН Хоум, Електродистрибуција, МЕПСО и други како и за дополнителни ископи на сопствен

Што се однесува до топлинската енергија за Градот Скопје, кога сите кренаа раце и избегаа од одговорност, Владата ја задолжи АД ЕСМ да ја  презеде и оваа обврска. Доколку АД ЕСМ не ја менаџираше кризата со топлинска енергија, иако се работи за комунална дејност и обврска на градот Скопје и општините, тогаш граѓаните во  Скопје ќе бараа алтернативни начини за греење и дополнително ќе се оптовареше електроенергетскиот систем во целата држава во услови на енергетска криза. На задоволство на огромен број на граѓани утрото на 15 Октомври радијаторите беа топли.

АД ЕСМ во услови на ковид криза, енергетска криза и воено политичка криза од крајот на 2019г почна да ги спроведува проектите од енергетската транзиција и сите активности се во склад со усвоената Стратегија за енергетика до 2040 година и со движењето кон зеленото сценарио.

Сите овие факти, АД ЕСМ заедно со силна поддршка од Владата и премиерот Димитар Ковачевски и министрите од економскиот сектор, ги побива шпекулациите и изјавите кои беа пренесувани во јавноста

Генералниот Дирекор, м-р. Васко Ковачевски се заблагодари на сите вработени во рудниците, термоелектраните, хидроелектраните, во службите, директорите на подружниците и ДООЕЛ-ите и менаџерскиот тим на АД ЕСМ, на Премиерот и министрите во Владата и сите оние кои помогнаа со својот влог и дополнителен ангажман да се надминат сите предизвици што ги донесе кризата, искажа и голема блгодарност на медиумите кои будно следеа и известуваа за сите активности, нивната улога во менаџирањето на кризата беше од витално значење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*