По вчершниот повик на премиерот Зоран Заев вчера граѓаните да го пријават секој случај на корупција, се огласи лидерот на НДП Јанко Бачев, кој, како што рече, пријавува корупција во Државната изборна комисија.
-Земајќи предвид дека премиерот на една држава треба да се послуша, како граѓанин на оваа држава пријавувам корупција против лицата Александар Чичаковски, Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов, Виолета Дума, Игор Милев, Силвана Бонева, Сашо Срцев, Субхи Јакупи и Ермира Асани Салија-членови на Државата изборна комисија поради расипничкото трошење на народни пари. Зборот корумпиран потекнува од латинскиот збор „corruptus„ и кога се користи како придавка буквално значи „крајно расипан“ или „владееење на крадци“ и оттука кражбата на народниот имот од членовите на ДИК преку антинародните бонуси ја потврдува расипаноста на ДИК – рече Бачев.
Тој додаде дека откако ја исполнил неговата граѓанска должност, сега на потег е Заев.