Don't Miss
Home / Македонија / Бејли ја повика идната влада да соработува со опозицијата

Бејли ја повика идната влада да соработува со опозицијата

Амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, ја повика идната влада да соработува со опозицијата, со цел да продолжи процесот на евроатлантските интеграции на Македонија, во неговото обраќање на денешната прес-конференција, по повод одржаните предвремени парламентарни избори.

– Американската амбасада ги пофалува македонските граѓани кои го искористија нивното право на глас на парламентарните избори. Ги прифативме прелиминарните заклучоци според кои изборите беа изедначени, а основните права и слободи генерално беа почитувани. Излезеноста беше висока, а изборите се одвиваа во мирна атмосфера, со неколку случаи на неправилности – констатира Бејли.

Американскиот амбасадор ја нагласи важноста од изборите за евроатлантските интеграции на Македонија.

– Изборите беа важен прв чекор кон излез на Македонија од политичката криза. Ги повикуваме политичките партии кои ќе ја формираат идната влада да соработуваат активно со опозицијата, со што ќе го унапредат процесот на евроатлантските интеграции, особено во поглед на владеењето на правото. САД заедно со меѓународната заедница останува партнер на Македонија во тие напори – порача Бејли, кој додаде и дека објавувањето на изборните резултати претставува процес, кој тој ќе продолжи да го следи во наредните денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*