Don't Miss
Home / Економија / Бензините поевтинуваат за 1,5, а дизелот поскапува за 0,5 денари

Бензините поевтинуваат за 1,5, а дизелот поскапува за 0,5 денари

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари од литар, а дизелот поскапува за 0,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 70,50 за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 72,50 денари.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) ќе биде 58,00 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 46,50 денари.

За 0,705 денари поевтинува мазутот М-1 НС и ќе се продава за 28,934 денари за килограм.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*