Don't Miss
Home / Uncategorized / Бесплатен градски превоз во Битола

Бесплатен градски превоз во Битола

Утрово многу високо загадување во Битола. Мерната станица Битола 2 која што е во центарот на градот, утрово во 8 часот измери многу високо загадување со ПМ2,5 честичките и високи загадување со ПМ 10 честичките. Се огласија и од општина Битола. Тие го испратија следново соопштение:

„ Согласно Одлуката за субвенционирање на бесплатен јавен градски превоз на патници во денови со високи нивоа на концентрации на суспендирани честички РМ10 во амбиентниот воздух над 100 μg/m3, донесена од Советот на Општина Битола, денеска јавниот градски превоз е бесплатен.

Известувањето е објавено на веб страната на Општина Битола. На автобусите ќе бидат истакнати табли дека провозот е бесплатен“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*