Високите темепратури карактеристични за месец август и спарното време е причинител на разни здравствени тегоби во летниот период , па токму затоа општина Новаци во соработка со службата за Итна медицинска помош од Битола организираше бесплатни здравствени прегледи за жителите на ова населено место во рамките на неколкугодишниот проект на Министерството за здравство на Република Македонија „ Здравје за сите”.
-Екипа за Итната медицинска помош од Битола им мереше шеќер во крвта, холестерол, крвен притисок,обем, телесна тежина но и ги советуваше жителите на Новаци како полесно да се справат со здравствените тегоби и топлотниот бран . Ова е особено важно за населението од руралните средини и ќе биде уште покорисно ако се спроведува редовно- изјави Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.
Акцијата наиде на голем интерес а се организираше во просторијата на пензионерскиот клуб во Новаци.
Ова е веќе редовна практика неколку години наназад , општина Новаци да биде опфатена со преотот „ Здравје за сите” .
Б.В.