Don't Miss
Home / Uncategorized / Битола ќе добие три нови детски градинки

Битола ќе добие три нови детски градинки

       Со активностите кои во моментот ги реализира Општина Битола, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Битола, наскоро ќе добие три нови детски градинки. Едната од нив ќе биде лоцирана во просторот на поранешниот Дом за доенчиња и мали деца, од каде денес за понатамошните планови со овој објект информираа дополнителен заменик министер во Министерството за труд и социјална политикаСанела Шкриељ и заменик градоначалникот на Општина Битола, Емилија Костурски.

-Во новата детска градинка, во поранешниот Дом за доенчиња и мали деца, ќе може да престојуваат и да бидат згрижени околу 80 деца. Во соработка со Министерството за труд и социјална политика во Битола ќе отвориме и други две нови детски градинки, едната ќе биде во просторот на поранешната битолска касарна, а втората ќе биде лоцирана спроти ОУ „Св. Климент Охридски“

. Со трите нови детски градинки во Битола ќе се обезбедат услови за сместување на околу 500 деца, истакна Костурски и потсети дека во последниве две години Општина Битола изгради нова детска градинка во населеното место Кравари, отворени се три занимални во исто толку општински детски градинки, а по 45 години заборав во Битола е извршена замена на кровот на детската градинка „Пролет“, опремени се главните кујни на детските градинки во градот, изјави Емилија Костурски, заменик градоначалник на Битола.

Дополнителниот заменик министер Шкриељ информирајќи за понатамошните планови со објектот информираше за процесот на деинституционализацијата.Таа нагласи дека тој помага во сите сфери на општеството бидејќи од една страна обезбедува топла семејна грижа за секое дете, вклучително и децата без родителска грижа, а самиот развој на вакви услуги на локално ниво значи креирање нови работни места.

-Објектот е веќе поделен во два дела, односно еден дел од просторот ќе прерасне во современ Центар за поддршка на згрижувачки семејства, а во другиот дел ќе има општинска детска градинка.Интензивно работиме на процесот на деинституционализација и го финализираме процесот на трансформација на Домот за доенчиња и деца без родители во Битола. Нема грижа како семејната грижа и секое дете заслужува да расте во топла атмосфера најблиска и налик до семејната и токму затоа е потребата од нова современа услуга предвидена со новиот закон за социјална заштита која ќе се обезбеди во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, истакна Шкриељ.

Дополнителниот заменик министер Шкриељ и заменик градоначалникот Емилија Костурски, ги посетија и малите групни домови во Битола, каде зрачеа среќните лица на децата згрижени во топла и пријатна атмосфера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*