Don't Miss
Home / Uncategorized / Битола доби лизгалиште

Битола доби лизгалиште

                       

          Битола доби градско лизгалиште.На површина од 550 метри квадратни, на паркинг просторот кај Спортската сала „Боро Чурлевски“,во Битола денеска и официјално почна со работа новиот спортско – рекреативен простор, на кој битолчани ќе можат да се лизгаат оваа зима.

 Лизгалиштето е донација на Агенцијата за млади и спорт, кое на Битола привремено и е дадено на користење за период од два месеци.

За тој период младите битолчани ќе можат бесплатно да се лизгаат.    

Инаку првиот работен ден покажа дека интересот на битолчани за лизгање е многу голем,  особено кај  најмладите, кои во голем број  чекаа  ред да се лизгаат.

-Лизгањето ќе се врши во групи од 30 – 50 лизгачи во точно определен интервал од половина час, со пауза од 15 минути, помеѓу интервалите, со цел истото да може да се уреди за следното лизгање, изјави директорот на јавното претпријатие за градски паркинзи,  Зоран Дојчиновски.

Инаку лизаглиштето е лоцирано на паркинг просторот кај спортската сала  “ Боро Чурлевски “,  оваа локација е одредена од страна советниците на Советот, кои деновиве изгласаа одлука за поставување на лизгалиштето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*