Don't Miss
Home / Uncategorized / Битола добива полигон за полагање возачки испити

Битола добива полигон за полагање возачки испити

По речиси 8 години од затворањето на полигонот кај спортската сала “Младост” наскоро Битола, ќе добие полигон за обука и полагање за возачки испити.

Со тоа конечно ќе се стави точка на проблемот со обука и полагање за возачки испити за битолчани, кои по затворањето на полигонот кај спортската сала Младост беа принудени цели 8 години да полагаат во соседните градови Ресен или Прилеп и за тоа да плаќаат дебели пари.

Земјиштето каде ќе биде лоциран полигонот  од државно е префрлено во трајна сопственост на Општина Битола. Проектот за изградба на  полигонот  е завршен и според сите прогнози тој ќе биде изграден  до крајот на годината.

Новиот полигон за возачки испити ќе се простира на  површина од 5 илјади квадратни  метри.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*