Home / Uncategorized / Битола му се поклони на Битолски весник

Битола му се поклони на Битолски весник

                          

          Битолски весник во петокот, на 17 мај во Народниот театар  го одбележа својот златен јубилеј, 55 години од излегувањето на првиот број.

          Во присуство на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, архимандритот на Бигорскиот манастир, Партениј, почитувачи на Битолски весник и негови читатели, како и  поранешните директори и главни уредници на Битолски весник, по свечениот говор на директорот  главен и одговорен уредник на Весникот, Менде Младеновски, беа доделени неколку златни плакети на институции и поединци, како и на Општината Битола и РЕК Битола, кои во изминатите децении несебично го помагаат Битолски весник.

          -Сите што се вложиле во Битолски весник се луѓе на кои треба длабоко да им се поклониме, особено на оние по 90-тите кога целосно се промени концептот на финансирање на медиумите. Битолски весник е жив весник кој што твори и создава за сите битолчани. Ова е момент за мотив повеќе, рече градоначалничката Наташа  Петровска на свечената академија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*