Don't Miss
Home / Uncategorized / Битола се промовираше во Кина

Битола се промовираше во Кина

Делегација на Општина Битола, предводена од градоначалникот д-р.  Владимир Талески и претставници од бизнис секторот и индустриската зона “Жабени“ деновиве престојуваа во неколкудневна посета во градот Нингбо, Кина.

SONY DSC

SONY DSC SONY DSC

На инвестициониот симпозиум, Општината Битола пред кинеските бизнисмени и стопанственици ги промовираше своите седум топ проекти.

SONY DSC  IMG_4462 1

-За време на неколкудневниот престој на Кина, на покана од градот Нингбо, се обидовме пред кинеските стопанственици да им ги претставиме можностите и условите за вложување во индустриската зона Жабени и другите локации за кои се изработени проекти за инвестирање во Битола. Со богат рекламен матријал и брошури за Битола на англиски јаик, им ги претставивме на кинеските пријатели условите за вложување во Златниот рид, Ниже Поле, Пелистер, Стрежево итн- рече по враќањето од Кина, градоначалникот на Битола д-р. Владимир Талески.

IMG_4468 1

NINGBO SITE (1)

IMG_4473 1

Талески информираше дека еден кинески инвеститор од Нингбо веќе пројавил интерес за инвестирање во индустриската зона Жабени за изградба на фабрика за градежни матријали.
Инаку, во ноември минатата година во Битола, престојуваше делегација од градот Нингбо, Кина предводена од градоначалникот на овој град, кога беше потпишан меморандум за збратимување на Битола и Нингбо.
Градот Нингбо е важен економски центар во Кина кој брои над 8 милиони жители.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*