Вчера во Битола пред општинската зграда се одржа протест организиран од советничката група „Поинаку“, која преку социјалните мрежи ги повикаа граѓаните, невладините, политичките партии денеска во 16 часот пред зградата на општина Битола.
Протестантите, кои ги имаше во доста мал број побараа итни мерки за решавање на проблемот со загадувањето на виздухот во Битола.
Тие го повторија заклучокот од вчерашната седница на Советот со кој едногласно сите советници побараа од Владата на Македонија субвенционирана електрична енергија за Битола.