Don't Miss
Home / Uncategorized / Битолски весник ја одложува Манифестацијата на неодредено време

Битолски весник ја одложува Манифестацијата на неодредено време

                            

          Редакцијата на Битолски весник, како организатор на традиционалната манифестација “ Избираме најуспешни битолчани”,по најновите препораки и мерки на Министерството за здравство ја информира битолската јавност  дека Манифестацијата, која беше (пре)закажана за сабота, 14 март е одложена.

          Овој пат одложувањето на Манифестацијата, согласно препораките на Министерството за здравство ќе биде за најмалку 14 дена и на неодредено време.

          За денот на одржување на Манифестацијата јавноста ќе биде известена веднаш по симнувањето на забраните и препораките на Министерството за здравство.

          Битолски весник ги замолува сите граѓани, компании и поединци, кои имаат влезници за Манифестацијата истите да ги чуваат, бидејќи истите ќе важат кога ќе биде организрана Манифестацијата.

          И покрај тоа што одложувањето на Манифестацијата ни донесе голем број непредвидени проблеми, сепак  Битолски весник   ги поздравува мерките на Министерството за здравство  и истите во целост ќе ги почитува, бидејки здравјето на граѓаните ни е пред се.

          Во договор со сите субјекти кои се вклучени во организацијата на Манифестацијата  на Битолски весник,  договорено  е “Изборот на најуспешните битолчани за 2019 година” да се одржи веднаш  откако од страна на Министерството за здравство бидат симнати сите мерки и препораки за неодржување на масовни собири.

          Во оваа прилика Битолски весник им благодари за сите читатели и граѓани на нивната трпеливост и разбирање кое го покажаа по овие непредвидени проблеми со корона вирусот.

                                                                  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*