Don't Miss
Home / Култура / „Битолски земјотрес”, фестивал на независна музика во Битола

„Битолски земјотрес”, фестивал на независна музика во Битола

На 21 февруари Битола ќе ја стресе музички земјотрес.

Инициран од независните дискографски куќи „Направи заедно, „69 рекордс” и „ПМГ рекордингс”, во Центарот за култура во Битола ќе се одржи фестивалот „Битолски земјотрес”, еден потполно отворен коцепт, на кој постојано се приклучуваат релевантни чинители на нашата алтернативна сцена.

земјотрес

-Токму таа сцена е единствената во Македонија, која музиката ја сфаќа и третира како уметност, борба и национално богатство. Ако ова ви се чини разумно и интересно, приклучете се на Земјотрес!”, порачуваат организаторите.
Во рамките на овој фестивал, кој е организиран од Центарот за култура – Битола во соработка со „ПМГ рекордингс“ и „Акто музика”, ќе настапат: „Д Џон”, „Паркети“, „ПМГ колектив“, „Новиот почеток“, „Гаврнмент“, „Спенк“, „Кантон 6“ и „Демек“, Сашо Рисајд, Мирко Попов, „Галатеа”, Дејан Декс и Миле Гроздановски.
Настанот ќе се одржи во салата за свадби во Центарот за култура со почеток од 20 часот, а влезниците чинат 100 денари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*