Министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес конференција рече дека бројот на заразени со корна вирусот во Македонија е во пораст, но дека растот е благ и се надева дека тоа така ќе остане.
-Направивме план за ставање во функција на третман и на болницата 8
септември. Во болницата направивме посета со посебна комисија. Се утврди
патот на движење на пациентите. Со ова ги обезбедуваме сите пациенти од
државата од моментот кога ќе бидат дијагностицирани или сомнителни на
корона вирус, а во моментот им е потребна друга хируршка интервенција
или лекување.
Во Дебар од утре ќе се упати уште еден пулмолог и педијатар, зашто таму имаме доктори носители на вирусот.
Ни пристапија и повеќе компании кои сакаат да изработат маски, за што се чека стручно мислење од Комисијата за заразни болести.
Пациентите во нашата земја се во пораст. Системот засега е добро
менаџиран. Исклучително е добро што пациентите се откриваат во рана
фаза. Ова не е нешто што може само здравствениот систем да го
изменаџира. Исклучително е битна улогата на граѓаните.
Ние имаме 24 заболени на милион жители. Шпанија има 350. Тоа покажува
дека добро сме се поставиле. Јас искрено се надевам дека вака блага ќе
биде кривата на пораст на пациенти, дека нема наеднаш да се оптовари
здравствениот систем, рече Филипче.