Don't Miss
Home / Култура / БНТ врвен домашен и меѓународен репрезент на македонската култура

БНТ врвен домашен и меѓународен репрезент на македонската култура

Народниот театар во Битола е институција која претставува врвен домашен и меѓународен репрезент на вредностите на македонската култура.  Ова синоќа во Народниот театар во Битола го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на промоцијата на фотомонографијата „Нови хоризонти“, објавена по повод одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на таа национална театарска установа и изведбата на првата театарска претстава на македонски јазик во Република Македонија.

– Денешниот свечен чин има респективна културолошка референца – тој ја маркира 70-годишнината од првата одиграна претстава на македонски јазик во далечната 1944 година, кога доајените на македонското глумиште Јорго Цаца, Вера Вучкова, Мери Бошкова, Димче Стефановски и Ацо Стефановски и многу други, ентузијастички творејќи во театарската група на битолската воена област најавија амбициозна намера, градот на конзулите да промовира врвен театар- рече министерката  Канческа-Милевска.

IMG_1475

Таа посочи дека е убедена оти сцената на Битолскиот театар и во иднина ќе биде местото каде ќе се создаваат новите успеси на македонскиот театар, местото каде актерите, режисерите, творци и уметници ќе продолжат да ја испишуваат македонската театарска историја.

Фотомонографијата „Нови хоризонти“ ја промовираше режисерот Дејан Пројковски, а за големиот јубилеј на театарот во Битола говореа директорот Валентин Светозарев, режисерот Љубиша Ѓоргиевски и битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Од 1944 година до денес во НУ Народен театар-Битола се одржале 500 премиерни изведби, а изведени се повеќе од 12.000 претстави кои ги гледале близу пет милиони вљубеници во театарот.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*