Don't Miss
Home / Uncategorized / Бранко Азески за Битолски весник: Има надеж

Бранко Азески за Битолски весник: Има надеж

Има  ли Македонија луѓе со претприемачки дух, кои се подготвени на големи предизвици, но и големи ризици заради реализација на големи потфати и на иновативни бизнис-идеи?  Има, но многу малку за разлика од другите нации и држави каде што бизнисот е начин на живот. Што е тоа што ние имаме во бизнисот? Ние имаме поединечни успешни примери кои се исклучок од просечноста. Е, токму тие успешни примери по правило, кај нас се ,,сомнителни ликовиза јавноста. Наместо да станат пример за секој млад човек, тие личности се изложени на јавната сцена како објекти што треба да се правдаат зошто се успешни.

Пишува: Бранко АЗЕСКИ, претседател на Стопанската комора на Македонија

Собирањето апсурди, анегдоти и асоцијации како да ме преокупираат во последно време. „5 до 12‟ е сигурно најпознатата асоцијација за нешто што треба да се преземе во последен момент или „апел‟ да се преземе нешто значајно. Едноставно часовникот мери време. Кај нас часовникот има повеќе функции:

  1. треба да нè разбуди од сон, длабок 30 години;
  2. треба да нè алармира дека е крајно време нешто да менуваме;
  3. треба да го измери времето (за жал, човековата „глупост” не може да ја мери);
  4. треба да го покаже општествениот статус на сопственикот;
  5. но, има уште една функција – со него се тргува, со него се прави бизнис.

Да видиме како веќе тоа 100 години го прави „B-Watch 1920“. Меѓу компаниите што учествуваа во основањето на Клубот на менаџери-претприемачи, е и компанијата „Б-Bоч 1920“ („B-Watch 1920“), семејна компанија чија основна дејност е продажба на часовници и накит во современо опремени и стилизирани урбани продавници. Во светски силните економии, семејните компании се столб на економијата. Семејните бизниси во светот сè повеќе напредуваат и од мали семејни фирми се развиваат во милионски бизниси. Во државава, пак, семејните бизниси се стожер на македонското стопанство. Следејќи ги статистиките дека ваквите компании се соочуваат со 70% веројатност да пропаднат по првата генерација сопственици, доколку не се професионализираат на време, сопствениците на „Б-Воч 1920“) многу инвентивно, следеќи ги светските трендови за развој на ваквите компании пристапија кон Клубот на менаџери-претприемачи уште на самиот старт, со цел да ги осознаат и избегнат замките што се закана за семејните бизниси.

„Б-Воч 1920“ е компанија со најголемо искуство во продажба и сервисирање часовници, кое датира од далечната 1920 година, кога Стефан Салџиев почнува со изучување на часовничарскиот занает, а веќе во 1928 година отворил свој сопствен дуќан во Струмица. Вистинскиот подем на компанијата „Б-Воч 1920“ стартува во 1991 година, кога Емилија Богоевска (Салџиева) со сопругот Владимир Богоевски ја продолжуваат семејната традиција. Денес „Б-Воч 1920“ е реномирана семејна компанија, која преку четвртата генерација Божидар и Иван Богоевски го модернизира корпоративниот имиџ со внесување современ и свеж дух, но и визионерски пристап кон продолжување на приказната. Денес можат да се пофалат со реномирани продажни салони во Скопје: во Градскиот трговски центар, во Трговскиот центар „Веро“, „Capitol Mall“, нас. Аеродром, во Skopje, „City Mall“, како и најстариот продажен салон за часовници во Македонија – во Старата скопска чаршија, каде што љубителите на урбаниот и спортскиот стил можат да си одберат часовник од омилените марки: CITIZEN, ELIXA, ELIXA накит, CASIO, ESPRIT, ESPRIT накит, FESTINA, LOTUS накит, CERRUTI 1881, PIERRE CARDIN, CALYPSO, JAGUAR, HARIBO, SWISS MILITARY, US POLO ASSN, POLO SANTA BARBARA, DANIEL KLEIN и др. Покрај во Скопје,  „Б-Воч 1920“  има свои продажни салони во Охрид и во Битола.

Во „Б-Воч 1920“ можете да најдете часовник за себе, без разлика дали преферирате класичен, спортски, елегантен или, пак, префинет стил. Едноставно, „B-Watch“ е синоним за добар часовник и новата главна станица на сите љубители од Македонија и регионот каде што ќе можете да одберете часовник кој ќе биде дел од Вашето секојдневие.

„Б-Воч 1920“ ја раскажува својата приказна речиси едно столетие на македонско тло, преку создавање долготрајни успешни врски со нивните клиенти, одржување одличен простор за развој на своите вработени и секојдневно соочување со дневни предизвици во оваа индустрија.

Преку имплементација на лидерски вештини и менаџерски техники кои имаат за цел ефективно и ефикасно да го развијат бизнисот се движат секоја година кон сè поголеми цели создавајќи среќни моменти заедно со нивниот тим.

Нивната тајна состојка на успехот, како и визијата кон која се стремат секогаш и  кон која го насочуваат своето работење е едукација и третман на вработените, преку создавањето пријатна работна атмосфера каде што секој вработен може да расте и да се надградува и да се почувствува вреден. Нивната девиза е дека успехот никогаш нема да ви дојде сам, ќе морате сами да направите план како да го пресретнете!

Преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка, која ги поврзува сите бенефиции кои на компаниите им се потребни во нивното работење, а тоа се поддршка на компаниите во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на набавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има  со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација, но и пронаоѓање партнери.

Ние редовно ги слушаме барањата и коментарите на нашите клиенти и секогаш се трудиме да ги приспособиме и подобриме нашите услуги согласно барањата на нашите клиенти  и трендовите во дадена сезона. Нашата  упорност, користењето на придобивките од вмрежувањата и едукативните обуки во Клубот на менаџери – претприемачи не` поттикна да ја зголемиме лепезата брендови на часовници во нашите продажни салони. Само во последните три години во нашите салони веќе се наоѓаат пет нови брендови, а отворивме и два  нови продажни салона.
П.С.  Во следниот број ќе Ви претставиме членка на Клубот на менаџери-претприемачи при Стопанската комора на Македонија која е членка на Клубот од нејзиното основање. Ќе откријам дека доаѓа од центарот на Тиквешијата  и е најпознат бренд за производство на минерална вода Традиција и квалитет  кој  25  години е  со нас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*