Don't Miss
Home / Македонија / Бројот на жртви расте – 21 починати во невремето

Бројот на жртви расте – 21 починати во невремето

Бројот на жртви во невремето што синоќа го погоди Скопје се искачи на 21 лице.

Сите се од реоните Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. МВР потврди дека се идентификувани 13 лица и се предадени на семејствата.

Неофицијално, меѓу загинатите има најмалку едно дете.

Уште не е потврдено дали дел од жртвите се некои од шесте исчезнати лица, кои беа пријавени до утрово.

Од сите краишта на Скопје граѓаните јавуваат за поплавени сообраќајници, куќи, дворови, подруми и гаражи. Штетите уште се расчистуваат и засега не се знае нивниот вкупен биланс.

Повеќе региони во Скопје и во земјава се без струја.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*