Жените се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата, и како пешаци и како возачи.
Повеќе истражувања укажуваат дека тие имаат одлични компетенции за управување со моторно возило, дека возат внимателно, паркираат совесно и ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а се истакнуваат и со способноста за планирање на патувањата земајќи предвид бројни околности што можат да влијаат врз безбедното возење.
Но, и покрај бројните примери за жени кои се успешни во сите сфери на општественото живеење, дел од жените-возачи се чувствуваат несигурни во сообраќајот.
Ова пред сѐ се однесува на ситуации во врска со одржувањето на возилото во исправна состојба, несакани дефекти за време на возењето, личната безбедност и сл.
Според податоците од статистиката, жените возат одговорно и ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, па оттаму не зачудува податокот дека тие поретко предизвикуваат сообраќајни незгоди. Интересно е и тоа што жените-возачи поретко практикуваат брзо возење, нагло забрзување или возење под дејство на алкохол. Сепак, и покрај ова, статистиката покажува дека значително е поголема веројатноста жените да бидат повредени во сообраќајни незгоди. Затоа РСБСП повикува на внимателност кај секој учесник во сообраќајот, а за празникот 8 Март на жените-возачи им препорачува:
• да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,
• да се грижат за сите учесници во сообраќајот,
• почесто да ја проверуваат исправноста на возилото,
• да бидат пример за издигнување на безбедноста во сообраќајот на повисоко ниво.
Претседателот на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска со апел:
Возете одговорно и безбедно, за вас и за вашите најблиски. Покажете дека сте успешни во семејството, на работно место и во сообраќајот на патиштата.
ЧЕСТИТ 8 МАРТ!