Македонската кик-бокс репрезентација своето учество на Европското првенство во Лутраки, Грција го заврши со четири медали по два сребрени и бронзени.
По денешните порази во финалните борби сребро освоија Милан Кубан и Марија Божиноска, додека бронзени медали им припаднаа на Димитар Ѓорѓиев и Ненад Манојловски.
Милан Кубин во финале во неизвесна борба до самиот финиш загуби од рускиот представник Александар Бобров во дисциплината кик лајт до 89 килограми. Противникот решавачкиот поен го освои во последната секунда за 2-1.
Марија Божиноска во дисциплината кик лајт до 70 килограми во финалето беше поразена од полската репрезентативска Катарина Киваржик со резултат од 3-0.
Нашиот национален тим на Европското првенство во Лутраки, Грција го претставуваа претседател и селектор на тимот Дејан Митровски Урко, генерален секретар и тренер Драган Атанасовски, технички координатор Розана Матева како и репрезентативците Милан Кубин, Димитар Ѓорѓиев, Ненад Манојловски и Јетмир Емрули во машка конкуренција, како и Стефани Тодорова и Марија Божиноска во женска конкуренција.