Don't Miss
Home / Вести / Чулев бара воведување на полициски час

Чулев бара воведување на полициски час

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното гостување на Канал 5 на прашањето дали тој е за воведување полициски час, рече дека тој секогаш е за најостри мерки.

-Јас како министер секогаш се залагам за најостри мерки. Само со строги мерки може да спречиме ширење. Јас сметам дека е потребно да се ограничи движењето на граѓаните, особено во вечерните часови за да се спречат оние вечерни собирања. На Влада се прават разговори за ова и можно е да се пристапи кон вакви мерки денеска или во наредните денови, рече Чулев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*