.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Општината (по)бара обештетување од превознциите, тие се закануваат со бојкот на “бесплатниот” превоз

Општината (по)бара обештетување од превознциите, тие се закануваат со бојкот на “бесплатниот” превоз

Продолжението од судскиот процес во случајот “ Транспортер “ кој деновиве беше  прекинат  ќе се одржи на 27 април.

До тогаш Општината Битола треба да го прецизира оштетното побарување  кое го бара од превознциите.

Иако пред тоа Општината Битола наводно со писмени известувања до државното јавно Правобранителство не барала оштетно побарување, на последното рочиште овластениот преставник на Општината Ѓуро Илиќ го известил судскиот совет дека Општината Битола има оштетно побарување, кое дополнително ќе го достави и прецизира.

Поради таквото барање судскиот процес беше прекинат и презакажан за 27 априла.

Ваквото барање на Општината според извори на Битолски весник може да доведе до прекин на превозот на учениците од страна на автопревозните претпријатија, кои биле изненадени од таквото барање.

Во наредните денови се очекува автопревозните претпријатија да одржат состанок и да се договорат дали ќе ги возат ученицте повеќе или не.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*