Home / Вести / Целосно расчистување на причините за смртта на малата Јана

Целосно расчистување на причините за смртта на малата Јана

        Под мотото “ Сите сме Јана “ и “ Правда за Јана “ вечерва на плоштадот “Магнолија“ во Битола се одржа протестниот митинг по повод смртта на малата Јана Христовска, која пред неколку дена почина во битолската болница.

         Откако претходно преку аудио запис на родителите на покојната Јана присунтите на протестниот митинг беа запознати за голготата низ која поминаа родителте на Јана  при нејзиното лекување и со едноминутно молчење  му беше оддадена почит на Јана, присутните на протестот побараа целсоно  правно расчистување на случајот.

        Овој случај не сме да помине без санкции за сите оние кои беа вклучени во лекувањето на Јана.

        Ние ќе почекаме да заврши обдукцијата за да се утврдат причините за смртта на Јана.

        Дотогаш ние постојано ќе протестираме и ќе повикуваме на одговорност.

        Ние не можеме да ја вратиме Јана, но со денешниот протест сакаме да спасиме уште многу други дечиња.

 Целсоно стоиме зад изјавите на семејството на Христовски. Ќе се бориме за да се обелодени вистината за причините за смртта на  Јана и да се разоткрие вистината, беше речено на протестниот митинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*