На трети декември- Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби да раскажеме една уникатна приказна, приказна каква што досега не била раскажана, приказна во која ѕвезди се деца кои ќе ни докажат дека само небото е граница, велат од Центарот за поддршка и помош на деца и лица со попреченост „Сложувалка Срце“.
-Ај да пренесеме моќна порака на магичен начин преку приказна! “Девојчето и 12 месеци” доказ дека секој има посебно место
под Сонцето, приказна која преку 12 месеци ни покажува и докажува дека секој го прави поубав овој свет на свој начин и со својата убавина!
Со огромно задоволство ги покануваме сите заинтересирани на завршниот настан од проектот: „Книгата – прозорец кон светот ” поддржан од Министерството за култура на РСМ во соработка со Националната установа универзитетска библиотека ,,Св. Климент Охридски”.
Настанот воедно доби поддршка и од Општина Битола.
НЕКА СЕ РАСКАЖУВА ОВАА ПРИКАЗНА НАДАЛЕКУ! порачуваат организаторите, Центарот за поддршка и помош на деца и лица со попреченост „Сложувалка Срце“.