И покра тоа што до завршниот дел на Манифестацијата на Битолски весник “Избираме најуспешни битолчани” за 2018 година остануваат уште речиси неполн месец, сепак уште од сега може да се каже дека годинашаната манифестација ќе биде една од најпосетените досега.
На месец дена пред Изборот, ресторанот Вавилон, е речиси распродаден. Во редакцијата на Битолски весник покрај тоа што постојано пристигнуваат предлози за наградите, пристигнуваат и барања за влезниците.
Како што стојат работите ресторанот Вавилон ќе биде буквално претесен да ги прими сите битолчани кои сакаат во живо да ја следат Манифестацијата.
Инаку и годинава огромен е интересот за признанијата на Битолски весник. Деновиве во нашата редакција пристигнаа предлози за номинирање на битолчани кои живеат и работаат во Лондон, Шведска, САД, па дури и во далечната Австралија.
Таков интерес како за годинашаната Манифестација не паметиме да имало во изминатите 20 години, колку што се одржува оваа Манифестација.
Инаку гласањето за најуспешните и натаму трае и ќе биде затворено дури во среда на 20 февруари, кога ќе излезе последниот гласачки купон во Битолски весник.