Don't Miss
Home / Uncategorized / Влатко Ѓорчев ја истакна кандидатурата за претседател на државата

Влатко Ѓорчев ја истакна кандидатурата за претседател на државата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, денеска на прес-конференција ја објави својата кандидатура за нов претседател на Република Македонија.

Како што истакна тој, се чувствува подготвен да ја преземе одговорноста да застане на чело на оваа држава.

„Имам моменти во животот кога човек треба да го искористи своето знаење, искуство, сето што го направил во функција на државата и народот. Македонија губи, Македонија назадува. Не се добри состојбите во Македонија. Од тие причини, објавувам дека се кандидирам за претседател на Република Македонија. Поседувам искуство, знаење, чесност, лојалност. Ги знам сите градови, населбите, улиците. Наредните три месеци ќе појдам во секој град и дом. Ќе појдам кај граѓаните на Македонија, кај оние кои ми го дале мандатот. Ќе ја побарам вашата доверба. Оваа апсолутистичка власт е дефинирана како хибриден режим. Не смее да се дозволи на Заев да ги узурпира институциите на државата. Мотивиран сум повеќе од било кога, благодарен сум за огромната поддршка, ја добивам од голем број граѓани на државава. Македонија е земјата на моите баби и дедовци. Македонија е земјата на моите четири деца. Јас директно им велам, на сите кандидати на СДСМ, ве чекам јас и најмалку 500.000 луѓе на Република Македонија“, истакна Ѓорчев.

Како што додаде, тој верува во успех и како што вели, ќе се изморат од броење на гласовите каде се победиле.

„Ќе ја вратиме надежта на Македонија. Ќе прославиме повторно, со цела плуќа, со цело срце. Вечерта во 9-10, сакам да ви најавам дека заедно ќе ги читаме резултатите. Ќе бидеме уморни од набројување каде сме победиле. Во првиот круг – победивме во Скопје, Битола, Прилеп, Штип, цел исток, Тетово, Гостивар, Крива Паланка, Струмица. Тогаш ќе се види дека власта е во паника. Народот ќе си ја врати државата, затоа што народот и Македонија играат на домашен терен. Јас сум победник, јас не прифаќам пораз. На сите пет изборни циклуси, секогаш сум победувал со довербата на граѓаните. Нема општина во која нема да појдеме, нема град каде немаме намера да победиме. Не се грижам кој ќе биде противкандидат од СДСМ. Тие нека му ја мислат“, заврши Ѓорчев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*