Новиот градски фудбалски стадион кој се гради кај “Тумбе Кафе“ ја зеде првата жртва. Денеска почина еден градежен работник кој работеше на скелето за изградба на една од трибините. Според информации на Нова Македонија работникот од засега неутврдени причини попладнево паднал од скелето Тој беше пренесен во Клиничката болница во Битола каде беше итно примен во Службата за неврохирургија. Иако лекарите дадоа максимум да го спасат работникот сепак тој вечерва според информации на Битолски весник почина. Засега нема никакви официјални информации во врска со овој немил настан ни од Клинчката болница ни од СВР Битола.