Едно лице е уапсено откако вчеравечер лажно пријавил дека поставил мина под Собранието на Република Македонија и во зградата на Итната медицинска помош, велат од МВР.
„На 16.01.2019 година во 23.05 часот во СВР Скопје, Д.И.(40) од Скопје, лице со нарушено ментално здравје, лажно пријавил дека поставил мина пред Собранието на Република Македонија, а потоа и во зградата на Итната медицинска помош. По преземени мерки и активности од полициски службеници, Д.И. бил приведен во Полициската станица Драчево за понатамошна постапка“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.