Падот на градежниот работник
на трибината на Градскиот стадион под “Тумбе Кафе “ бил смртоносен. И покрај тоа што тој по падот од скелетон, кој според полицијата се случил во 11.45 минути, од страна на Итната медицинска помош бил брзо пренесен во Службата за неврохирургија во Клиничката болница во Битола. Поради сериозноста на повредите градежниот работник Д.Д. бил пренесен во Скопските клиники на Карил, каде тој истиот ден во 19.30 часот им подлегнал на повредите.
Немилот настан дененска го потврдија од страна на СВР Битола.
Се работи за лицето Д.Д. на возраст од 58 години, од битолското село Црнобуки.
Од страна на битолската полиција добивме информација дека веднаш по немилиот настан екипа на СВР Битола заедно со трудов инспектор излегле на местото на настанот и извршиле увид за починатиот градежен работник, по барање на јавното обвинтелство ќе се изврши обдукција на мртвото тело на градежниот работник.
Инаку засега никој не знае како се случило да падне од скелето градежниот работник. Останатите работници кои работеа тој дена на Градскиот стадион, потресени од трагичниот настан не сакаа(т) да зборуваат за медиумите.