Точно 29 момчиња во Битола денеска скокнаа по светиот крст кој во водите на базенот во црквата “Св. Великомаченик Димитрија “ го постави владиката Петар.
Најсреќен меѓу нов беше дваесет и двегодишниот Јове Стојчевски кој како што изјави по петти пат скокал по светиот крст.
Пресреќен од фаќањето на крстот Стојчевски изјави:
– Во фаќањето на крстот учествував по петти пат и конечно овој пат ми се насмевна среќата и го фатив крстот. Пресреќен сум. Посакувам многу здравје и среќа да ме следи во оваа година, а истото му го поскаувам и на сите мои сограгани, изјави Јове Стојчевски, кому митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско Новозеландски г. Петар му подари крст од храмот „Св. Великомаченик Димитриј” и примерок од Светото писмо.