Home / Свет / Даниел Кајмакоски не се пласираше во финалето на Евровизија

Даниел Кајмакоски не се пласираше во финалето на Евровизија

Даниел Кајмакоски настапи во полуфиналната вечер на Изборот на песна за Евровизија под реден број 8 и заедно со пратечките вокали Мерџ ја исполни „Лисја есенски“(Autumn Leaves) и за жал не се пласираше во финалето.

Финалето на Изборот на песна за Евровизија ќе се случува на 23 мај.

Гледачите по пат на смс одлучија кои 10 од 16 учесници ќе учествуваат во финалната вечер на Изборот на песна за Евровизија. Во финалето на Евровизија ќе се натпреваруваат 27 учесници. Вкупниот број на гласови се сумира по следниотв принцип, 50 отсто од оценката се доделува од стручното жири и 50 отсто од гласовите се резултатите од смс гласањето од публиката од цела Европа. Оваа година и Австралија имаше право да гласа.

Десетте финалисти од полуфиналната вечершто се пласираа во финалето се:Албанија, Ерменија, Русија, Романија, Унгарија, Грција, Естонија, Грузија, Србија и Белгија.

Потсетете се уште еднаш на настапот на Даниел.

 

Извор: мкд.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*