Даниел Кајмакоски блесна во полн сјај на евровизиската сцена во Виена. Звуците на „Autumn leaves“ одекнуваа во преполната сала Штадхале каде има и голем број негови фанови кои пристигнаа денес.
Заедно со придружните вокали од групата МЕРЧ, Даниел го покажа својот неверојатен пејачки талент и ја претставија Македонија во најдобро светло.
Останува само да се надеваме дека тоа ќе го препознае и публиката ширум Европа и ќе гласа за да го видиме Даниел уште еднаш во финалето на 23 мај.