.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Македонија / Груевски и Зев на одвоени средби со европратеници во Стразбур

Груевски и Зев на одвоени средби со европратеници во Стразбур

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пристигна во Европскиот парламент околу 17 часот попладнево, каде веднаш потоа се упати на средба со претседателот на групата на Европските народни партии, Манфред Вебер и со еврокомесарот за соседска политика, Јоханес Хан, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев со својата делегација, која се наоѓа од претпладнево во Стразбур, исто така имаше одвоени билатеранлни среби. Tој наводно се сретнал со претседателот на групата на Социјалистите и демократите во ЕП, Џани Питела. Но, со оглед на густината на нивната програма не успеавме да добиеме повеќе детали.
На овие и на другите средби со европратеници, Груевски и Заев, секој посебно ги запознава соговорниците со ситуацијата во Македонија, пред утрешната пленарна дебата во Стразбур на Европскиот парламент, по која не е превдиено да се гласа резолуција.
На вечерашнава средба, покрај делегациите на македонските политички партии предводени од Никола Груевски за ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Заев за СДСМ се наоѓаат тројцата „олеснувачи”, европратениците Иво Вајгл, Едуар Кукан и Ричард Ховит, како и еврокомесарот за соседска политика Јоханес Хан.
Но, според она што беше најавено никој од двајцата лидери нема да даде изјава, ниту е дозволен пристап на ТВ камери.
Прерано е да се даваат прогнози за резултатот од средбата, но еден од олеснувачите на дијалогот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ рече дека охрабрува што овој дијалог се води на највисоко ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*