Don't Miss
Home / Uncategorized / Делегација од Кина во работна посета на Битола

Делегација од Кина во работна посета на Битола

Градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески попладнево се сретна со делегација на кинескиот град Нингбо која ја предводеше Динг Хаи Бин, втор генерален секретар на општинската народна влада во Нингбо, Кина.

На средбата кај битолскиот градоначалник присуствуваа и претседателот на Регионалната стопанска комора Мирко Велковски, како и претставници на менаџментот на повеќе компании, кои разговараа за стопанската соработка меѓу двата града.

kina 4   kina 6

– Информирани сме и добивме покана за учество на големиот саем што во јуни се одржува во Нингбо, а на кој годинава ќе се претстават компании и институции од централна и југоисточна Европа. За нас е важно, освен што ќе се претставиме, туку и што ќе оствариме директни контакти со потенцијалните инвеститори од Кина кои со нескриени симпатии гледаат на нашиот град, кој е збратимен со Нингбо – истакна градоначалникот Талески.

kina 7 kina 5

Кинеската делегација посебен акцент стави на производството на здрава храна, млеко и други производи кои може да се увезат од Пелагонија, нагласи Динг Хаи Бин.

– Уверен сум дека со стопанствениците од Македонија и посебно од Битола ќе се договориме за да во Кина пристигне македонска здрава храна, млеко, сирење, кашкавал, следолед и други производи што ќе бидат во нашите маркети. Имате голем потенцијал и сте конкурентни за овој дел на Европа, а во прилог на нашите намери се и потпишаните договори на владите од двете држави – рече меѓу другото Хаи Бин за време на попладневниот престој во општина Битола.

На средбата во Битола беше договорено за време на гостувањето на битолските стопанственици во Кина да биде потпишан договор за директна соработка со Регионалната стопанска комора и комората во Нингбо, додека пак збратимените градови ќе потпишат договор за соработка во областа на културата, образованието и туризмот.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*